Правила на Fitlife Premium Center

  1. 1 Членарината се плаќа кога почнувате и веднаш добивате картичка која ви овозможува пристап за влез во салата. При секое доаѓање се куцнувате со картичката и така го валидираме вашето присуство. После 30 дена, ако не ја обновите членарината картичката автоматски се затвара, па доколку не продолжите потребно е истата ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ни ја вратите. Првата картичка при зачленување е бесплатна, но доколку правите прекини во вежбањето и картичката ја изгубите, па мораме да ви издадеме нова, истата се наплаќа 100 денари.
  2. 2 Членарината ви важи 30 дена од датумот на уплатата, продолжување може да се направи доколку оправдано отсутствувате 2 врзани недели (не помалку), но задолжително со ПРЕТХОДНА најава. Членарината не се продолжува за отсутства пократки од две недели. Ве молиме да ја сфатите како резервација за вашето место во групата. Тоа место го чуваме само за вас во текот на целиот месец, без разлика дали присуствувате или не. Со оглед на ограничениот број места и високата заинтересираност, важно е да имаме јасен и фер систем за сите.
  3. 3 Доколку поради ваши лични причини не успеете да дојдете во терминот во кој сте запишани, замена е можна само доколку постои простор во некоја од другите групи, но во консултација со некој од инструкторите. Сепак не сме обврзани задолжително да ви овозможиме соодветна замена затоа што ние го планираме вашето место во групата во која сте запишани.
  4. 4 Ако членарината ви истече и истата не ја обновите после 5 дена, местото се ослободува и го доделуваме на некој од листата на чекање. Доколку подоцна сакате да продолжите, потребно е повторно да не контактирате за да провериме дали има слободно место во терминот што го сакате.
  5. 5 Доколку платите однапред 3 месеци ви следува 5% попуст на вкупната сума.
  6. 6 Доколку платите однапред 6 месеци ви следуваат 10% попуст на вкупната сума.
  7. 7 За членови од иста фамилија следува 10% попуст на месечната членарина, поединечно за секој член.
  8. 8 Доколку пет месеци вежбате непрекинато, но исклучиво од датум до датум, без продолжувања, шестиот месец го плаќате со 50% попуст.
  9. 9 Попустите не можат да се комбинираат, па пример доколку го користите фамилијарниот попуст не може да се комбинира со попустите за плаќања однапред или попустот за редовност на 6-тиот месец.
  10. 10 Секогаш доаѓајте барем 5 минути пред да започне часот, за да можете да се подготвите. Првите 5-10 минути се особено важни затоа што тогаш го правиме загревањето и истегнувањето.
  11. 11 Секој мора да си го почитува резервираниот термин и групата во која е запишан.
  12. 12 Заради хигиенски причини секој ЗАДОЛЖИТЕЛНО си носи своја сопствена простирка. Простирките во сала се оставени да се најдат за секој случај, а не за редовна употреба.
  13. 13 Влегување во салата е дозволено само со чисти патики.
  14. 14 Вежбате на Ваш сопствен ризик, доколку имате претходни здравствени проблеми консултирајте се со вашиот доктор во врска со вежбањето.
  15. 15 Клубот не работи за време на државни празници.