Трансформација на телото, умот и духот.

Добредојдовте во FitLife Reformer Studio, место каде љубовта кон движењето и стручноста
се спојуваат за да ве инспирираат и трансформираат.

Закажете час

Што е Reformer Pilates?

Реформер Пилатес е метод развиен од Јозеф Пилатес уште за време на Првата светска војна. Во тој период, тој во импровизирани услови го направил првиот реформер со идеја да ги рехабилитира и зајакне повредените војници.

Оваа оригинална цел ја доловува суштината на реформерот и денес: да им помогне на луѓето да ја подобрат својата сила, стабилност и контролата врз телото, без разлика на нивната форма, возраст или искуство.

За разлика од мат Пилатесот, каде што работиме само на подлога, реформерот нуди поддршка и отпор во исто време. Тоа овозможува подлабока активација на мускулите, подобрување на држењето, јакнење на јадрото и развивање на долги, издолжени мускули.

Reformer Pilates Training

Реформер пилатесот е наменет за сите, од почетници, до луѓе со болки во грбот, трудници, жени после породување, до професионални спортисти и оние кои сакаат предизвици. Не е потребно да сте „ фит“ за да започнете. Напротив, реформерот е алатка која ќе ви помогне да го изградите телото свесно, безбедно и функционално.

Нашите тренинзи се индивидуално прилагодени во мали групи, со акцент на контрола, квалитет и безбедност, под водство на стручно обучени инструктори по принципите на Balanced Body® методологијата.

Реформер Пилатесот не е само тренинг, тоа е доживување кое ќе ве научи да го чувствувате и разбирате вашето тело на едно ново, подлабоко ниво.

Зошто Fitlife Reformer Studio?

Нашиот тим е едуциран и работи по принципите на Balanced Body® методологијата, со постојана стручна поддршка. Со долгогодишно искуство и длабоко разбирање на телото, ја комбинираме науката, движењето и личниот пристап за да создадеме безбедно, квалитетно и инспиративно искуство за секого.

Закажете час
treninzi
Стручност & Искуство
Долгогодишно искуство и длабока стручност.
Персонален Пристап
Мали групи со индивидуален пристап (максимум 6 лица во група).
Научно Поткрепени Методологии
Тим што постојано учи и се надградува, со љубов и одговорност.
Инспиративна Средина
Безбедна и поддржувачка средина, каде ќе се чувствувате како дома.
Креативни тренинзи
Внимателно креирани тренинзи според принципите на пилатес методот, секогаш креативни, флуидни и различни, со активирање на цело тело и доживување што инспирира и исполнува.
treninzi

Програми и тренинзи

Во FitLife Reformer Studio работиме во мали групи (максимум 6 лица). Достапни се и индивидуални или полуиндивидуални часови (со две лица).


Знаеме како да го адаптираме секој час според вашата моментална подготовка и физичка состојба, без разлика дали сте почетник или искусен вежбач. Со долгогодишно искуство и стручен пристап, секогаш нудиме варијации и алтернативи, за да го добиете максимумот од тренингот и да се чувствувате безбедно и мотивирано.


Часовите кај нас се внимателно и прецизно осмислени. Во секој час се трудиме да ја задржиме флуидноста на движењата, да создадеме баланс меѓу силата, стабилноста, мобилноста и флексибилноста и да понудиме искуство што го активира цело тело.

Види распоред

Чести прашања