Нашиот тим
Целината на FitLife ја прави мојот прекрасен тим, без кој целата оваа приказна не би била возможна.
Марина, Анела, Јана, Нена, Тинка, Катица, Александра, Сандра и Весна, посветени, инспиративни инструктори кои ја споделуваат истата љубов кон движењето и визијата за здравјето. Секоја од нив внесува своја посебна енергија и пристап, но сите сме обединети во истата цел: да ви помогнеме да се чувствувате безбедни, мотивирани и полни со самодоверба.
Со заедничка посветеност, постојана едукација и искрено внимание кон секој клиент, успеваме да создадеме средина во која ќе се чувствувате прифатено, поддржано и охрабрено да го направите првиот (или следниот) чекор кон подобро тело и посреќен ум.
