Општи Услови за користење

Сите полнолетни лица (18+) или малолетни лица со надзор и согласност од родител/старател, со добро општо психофизичко здравје можат да купуваат пакети за вежбање преку нашиот веб сајт. Купените пакети овозможуваат користење на услуги во нашето физички студио за реформер пилатес и се временски ограничени. Со самото купување и регистрација на веб сајтот, се согласувате со овие услови за користење. Секое прекршување, злоупотреба или пренос на услугите на трети лица може да резултира со ограничување или забрана на пристапот.

Медицинско известување и одговорност

Услугите што ги нудиме вклучуваат физичка активност која може да влијае на вашето здравје. Вежбите се изведуваат под надзор на стручно обучени инструктори, но вие сте одговорни да се консултирате со лекар пред почетокот на вежбање доколку имате здравствени состојби. Со купувањето на пакетот потврдувате дека учествувате на сопствена одговорност.

Политика за овозможување на услугите

Откако ќе го извршите плаќањето преку веб сајтот, веднаш ќе ви се овозможи можност да резервирате термини од пакетот преку вашиот кориснички профил.

Пакетите имаат ограничен рок на важност (на пример, 1 месец или 6 месеци од датумот на купување), по што неискористените термини истекуваат. Нема автоматска месечна наплата, плаќањето е еднократно за секој купен пакет.

Фитлајф Дооел го задржува правото на промена на цените на услугите и за истите клиентите ќе бидат навремено информирани. Со плаќањето се согласувате со условите за користење. Забрането е пренесување на кориснички профил на трети лица.

Политика за достава на производи

Купените услуги не се физички производи. Пристапот до системот за резервација е автоматски овозможен по успешно плаќање.

Политика за враќање на средства

Ве охрабруваме најпрво да се обратите до нас со било каква поплака. Доколку имате сериозно незадоволство од услугата, може да поднесете барање за враќање на средства на fitlife.online.mk@gmail.com. Тимот на Фитлајф Дооел го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали е основано и дали ќе се изврши поврат.

Политика за приватност

Со користењето на нашиот веб сајт, се согласувате со нашата Политика за приватност.

Услови за користење на веб сајтот

Иако се стремиме да обезбедиме стабилно онлајн искуство, не можеме да гарантираме непречено функционирање на веб сајтот во секое време. Во случај на технички проблеми, нашиот тим ќе реагира најбрзо што може за нивно отстранување.

Заштита и авторски права

Сите текстови, визуелни материјали и функционалности на веб сајтот се заштитени со авторски права. Забрането е нивно копирање, пренос или препродавање. Почитувањето на приватноста и безбедноста на личните податоци е наш приоритет, ве молиме информирајте сѐ какви податоци собираме и зошто.

Како да нѐ контактирате

За какви било прашања, поплаки, предлози или техничка помош, контактирајте не на: fitlife.online.mk@gmail.com