НАШАТА ПРИКАЗНА
Запознајте се со патувањето што го создадовме заедно.

Мојата љубов кон движењето започна на 14 години, кога за првпат ја почувствував моќта на активноста и нејзиното влијание врз умот и телото. Со години го градам FitLife, чекор по чекор, со многу труд, учење и љубов, водена од желбата да им помогнам на луѓето да ја откријат својата сила и баланс и да си го подобрат квалитетот на живот.

FitLife приказната започна во септември 2017 година, во многу мала сала, со скромни услови, но со голема љубов, визија и желба за раст. Низ годините сменивме неколку простори, секогаш барајќи подобро, но една работа никогаш не се смени, клиентите секогаш беа во фокусот, а квалитетот на часовите беше приоритет. Токму таа посветеност ни овозможи да стигнеме до тука каде што сме денес. Во 2024 година ја остваривме нашата голема визија со отворањето на FitLife Premium Center, простор дизајниран по наши стандарди, топол, удобен и инспиративен, кој денес мотивира, трансформира и води над 200 клиенти месечно.

Нашата приказна

FitLife денес не сум само јас, тука сме „ние". Тим што расте и се надградува заедно со мене, посветен да ја сподели истата визија и вредности. Заедно го создадовме и FitLife Reformer Studio, место дизајнирано со љубов, знаење и посветеност, каде секој ќе се почувствува безбедно, мотивирано и поддржано.

Мојот тим е едуциран и работи по принципите на Balanced Body® методологијата, со постојана стручна поддршка. Со долгогодишно искуство и длабоко разбирање на телото, ја комбинираме науката, движењето и личниот пристап за да создадеме безбедно, квалитетно и инспиративно искуство за секого.

Денес FitLife е многу повеќе од студио за вежбање, тоа е приказна за љубов кон движењето, упорност и верба дека малите, доследни чекори носат големи промени.

Ова е ваше сигурно место, каде секогаш ќе добиете внимание, искреност и квалитет какви што навистина заслужувате.

Драгана и Fitlife Team